Од подножјето на Плачковица, со корени длабоко во почвата на село Блатец, и од не толку широките сокаци на битолски Баир, пристигнуваат двајца синови на провинцијата со големи амбиции и нефилтриран хумор.
После две години организирање и настапи на опен мајк вечери, Мито и Куле конечно со свое стенд ап шоу! Преку подруми на барови и тераси на кафичи, сега на поткровје во Public Room. Некој ќе мисли стендапот е пирамидална шема. За една карта, двајца комичари. Провинциска великодушност!
Important info:
Плаќањето во Јавна Соба е исклучиво со платежна картичка