На 28. ноември, Public Room повторно ве носи на гастрономско патување, овој пат низ Западна Африка! 🌍 Ќе пробаме:
1. Егуси супа (Egusi Soup) Нигерија – Традиционална супа од мелени семки од диња, домати, пиперки и спанаќ, со пилешко или во веганска варијанта. 2. Фуфу (Fufu) Гана и Западна и Централна Африка – Меко и еластично јадење од маниока и плантаин банани, кое традиционално се служи со супи. 3. Ганска чорба од кикиритки (Groundnut Stew) Гана – Кремаста чорба со печени кикиритки, домати, ѓумбир и зачини, со пилешко или во веганска варијанта. 4. Кусе – гански уштипци од грав (Koose) Гана – Крцкави уштипци од папуда, кромид и пиперки, популарна улична храна. 5. Бофрот / Пуф-пуф (Bofrot / Puff Puff) Западна Африка – Меки, благо засладени топчиња од тесто, пржени до златна боја и послужени со чоколаден прелив. 6. Свежа салата во африкански стил Освежителна комбинација од зелка и моркови со кремаст и ароматичен прелив.
Во кујната со нас ќе биде Роберта, претприемачка родена во Гана и основачка на African Touch Market, која живее и работи во Македонија. Водена од љубовта кон африканската култура и гастрономија, преку автентични јадења и традиционални рецепти ги доближува вкусовите на Гана и Западна Африка до локалната заедница.