Event Cover

ВЕНЕРА ВО КРЗНО

Info:
09.12.2026 Wednesday, 20:00
- 14.12.2026 Monday
СТАНИЦА 26
Jordan Mijalkov 26, 1000, Skopje 1000
Not available
No parking available
Organizer:
Lost Goat Production
Social media
Венера во крзно - театарска претстава базирана на истоименитот текст на Дејвид Ајвс
Играат:
Ивана Павлаковиќ
Благој Веселинов
Режија: Ивана Ангеловска

Инспирирана од контроверзниот еротски роман на Леополд фон Захер-Мазох, „Венера во крзно“ е провокативна театарска игра за љубовта, сексот, желбата и комплексната динамика на моќта во човечките односи.
Приказната го следи Томас, автор и режисер, кој бара актерка за својата нова претстава. Но, кога на аудицијата доаѓа Ванда – со својот остар јазик, нескротлива енергија и талент за играње со туѓите очекувања – аудицијата се претвора во психолошки дуел. Границите меѓу пробата и реалноста, фантазијата и вистината, заведувањето и манипулацијата стануваат сè понејасни. Станува сè потешко да се разликува кој ја води играта, а кој е само дел од неа.
Кој кого заведува, кој ја има контролата и кој, всушност, е на аудиција? И додека Томас се обидува да открие која е навистина Ванда, можеби најголемото изненадување е она што ќе го открие за самиот себе.
Претставата ја внесува публиката „зад завесите“, да стане дел од интимниот свет на процесот на проба, каде заедно со Ванда и Томас, преку оваа динамична интеракција, ќе ги преиспита границите на човековата природа и стереотипите за родовите улоги, доминацијата и потчинетоста.
Но, можеби најголемата провокација не е во она што го гледаме на сцената, туку во она што ќе го препознаеме кај себе.
Important info:

Вратите се отвораат порано. ( 19:15ч )

Нарачај си пијачка, фати си место и влези во атмосферата пред да се изгасат светлата.

Без брзање, без класичен театарски бонтон.

Капацитетот е свесно ограничен- затоа што вистинската интима не трпи гужва.

Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS