Пушти мустаќ, седни на берберски стол и дојди на смеење!
Ноември е месецот кога ги оставаме предрасудите настрана, зборуваме отворено за машкото здравје и носење мустаќи со став.
По одличниот настан лани, се охрабривме за втора тура!
Минатата година видовме колку добра енергија, колку смеење со солзи и искрени може да донесе една ваква вечер, па затоа, овој ноември одиме повторно, уште похрабро и уште погласно за важноста на машкото здравје.
Овој Movember, ја продолжуваме традицијата:
Ќе го започнеме настанот со малку поинакво загревање на сцена, берберски столици и бричење во живо.
Ќе стилизираме најјаки мустаќи директно пред вашите очи (или на вашето лице, ако соберете храброст). А за најхрабрите ќе има изненадување.
Ќе играме Вистина или Мит и ќе провериме дали знаеш повеќе за машкото здравје или за фудбалски тактики.
А како финале ве очекува брутално искрен, остар и урнебесен стенд-ап со еден и единствен - Модернизам и Ренесанса на тема: Сервис за мажи. Затоа што не е срамота да се расипеш. Срамота е да не дојдеш на сервис.

Дојди да се насмееме, да поддржиме ваква важна кауза и да видиме кому мустаќот му стои како на господин, а кому како на инспектор од 80-тите.