Event Cover

КРЕШИМИР МИШАК - НЛО

Info:
21.11.2026 Saturday, 18:30
Порта Македонија
Ул. 11 Октомври
Not available
No parking available
Organizer:
Неформален културно уметнички колектив „Аристон“
Social media

НЕИДЕНТИФИКУВАНИ ЛЕТЕЧКИ ОБЈЕКТИ - ОД ПЕШТЕРСКИТЕ ЦРТЕЖИ ДО ВСЕЛЕНАТА

Иако станува збор за една од најконтроверзните и најпотиснуваните теми во современата историја, НЛО-феноменот воопшто не се обидува да остане скриен. Мистериозните летечки објекти често се појавуваат сосема ненадејно, дење или ноќе, над ненаселените предели на Земјата, но и над најгусто населените светски метрополи. Најчесто не преземаат никакви очигледни активности, и се чини дека само нè набљудуваат додека ние, и покрај сите обиди, сме речиси немоќни пред нив. Не дека не сме се обиделе: по нив се пукало, биле пресретнувани и бркани од воени авиони, па дури и гаѓани со ракети... 

На 21.11.2026 (сабота) со почеток од 18:30ч во порта „Македонија“ во Скопје ќе се одржи предавањето на Крешимир Мишак насловено како „НЛО од пештерските цртежи до вселената“. Дали вонземјаните постојат? Можеби одговорот ќе го добиеме токму од Мишак. Илустрирана со стотици фотографии во боја, новата книга на Крешимир Мишак претставува сеопфатен водич низ сложениот и повеќеслоен феномен на НЛО. Покрај историскиот преглед на сведоштвата за загадочни летала низ неколку милениуми, од праисториските пештерски цртежи до современите средби во орбитата на Земјата, таа ја документира и историјата на контроверзите што го одбележаа 20-от век. Децении наназад, институции и владини структури ја негирале реалноста на НЛО, повикувајќи се на аргументите за „национална безбедност“ и опасноста од предизвикување „паника“, додека истовремено клучните информации ги задржувале во тајност. Сепак, од крајот на минатиот век до денес, во различни земји се објавени бројни официјални документи, извештаи и други материјали поврзани со овој феномен. Но, можеби уште позагадочни од самите појавувања на НЛО се придружните феномени: наводните киднапирања на луѓе, необјаснетите осакатувања на добиток, извонредните физички карактеристики на летечките објекти и непознатите погонски системи, како и способноста ненадејно да се појавуваат, да исчезнуваат или да стануваат невидливи. НЛО можеби не се најчудното нешто што го нуди нашиот свет, но поради својата истрајност, сложеност и отпорност на конвенционалните објаснувања, несомнено претставуваат еден од најголемите енигматични феномени на нашето време.


„Кога човек ќе навлезе во темата за НЛО, пред него се отвора свет со безброј нивоа на реалност, свет кој во одредени моменти изгледа како да е преземен од описите на некој древен шаман...“


Ова е последно предавање на Мишак во Скопје во 2026 година. Следни гостувања се очекуваат во текот на есента наредната 2027 година. Сите кои биле на претходните предавања на Мишак можат да испратат мејл на a888marketing@gmail.com за да добијат промо код за попуст на билети валиден до недела 15.11.2026. За оние кои не успеале да присуствуваат на претходните предавања, ова е одлична прилика да се запознаат со авторот и водител на култната емисија „На Рубу Знаности“ која се емитува на Хрватската Радио Телевизија веќе 25 години.
Important info:

Просторот во Порта „Македонија“ е со ограничен капацитет за 50 луѓе. Обезбедете ги Вашите билети навреме. Цена до недела 15.11.2026 = 800мкд, од понеделник 16.11.2026 до четврток 19.11.2026 = 1000мкд, од петок 20.11.2026 и на врата 1200мкд. 

Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS