Event Cover

УМЕТНОСТА ВО ДЕГУСТАЦИЈАТА НА МАСЛИНОВОТО МАСЛО

Info:
28.11.2026 Saturday, 12:00
Public Room
50та Дивизија
Not available
No parking available
ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА: УМЕТНОСТА ВО ДЕГУСТАЦИЈАТА НА МАСЛИНОВОТО МАСЛО
Маслиновото масло е многу повеќе од секојдневна намирница, тоа е производ чиј квалитет и сензорски карактеристики се обликуваат низ целиот процес на производство. Сортата на маслинките, степенот на нивната зрелост, условите и времето на берба, начинот на преработка, како и правилното складирање и чување, имаат значајно влијание врз неговата арома, вкус и состав. Сите овие фактори придонесуваат за создавање различни ароматични профили и степни на квалитет, кои го прават секое маслиново масло посебно.
А сега, кога ги имаме предвид сите овие фактори, колку Вие навистина можете да заклучите за квалитетот на едно маслиново масло? Дали умеете да препознаете квалитетно extra virgin маслиново масло, да ги разликувате неговите позитивни сензорски карактеристики и да откриете евентуални дефекти?
Токму затоа, Ве покануваме на едукативна работилница посветена на сензорната анализа и дегустација на првото македонско ладно цедено extra virgin маслиновото масло!

ШТО ЌЕ ОТКРИЕМЕ ЗАЕДНО?
Основи на сензорната анализа – ќе се запознаеме со принципите на професионалното оценување на маслиновото масло и улогата на сетилата во процената на неговиот квалитет.
Позитивни сензорни карактеристики – ќе научиме да ги препознаваме овошноста, горчината и пикантноста, да ги разликуваме нивните интензитети и да разбереме што ни кажуваат за маслото.
Категории на маслиново масло – ќе ги разгледаме разликите помеѓу екстра девственото, девственото и другите категории маслиново масло, како и критериумите според кои се определува нивниот квалитет.
Сензорни дефекти – ќе се запознаеме со најчестите негативни сензорни карактеристики, нивното потекло и причините поради кои можат да се појават во маслиновото масло.
Практична дегустација – стекнатото знаење ќе го примениме преку дегустација на првото ладно цедено македонско extra virgin маслиново масло
Здравствените придобивки на маслиновото масло- ќе се запознаеме со термините мононезаситени масни кислени и полифеноли во extra virgin маслиновото мало, како и за нивниот придонес во заштитна на здравјето.
Маслиновото масло во спој со гастрономијата- Различните сорти и ароматични профили нудат различни гастрономски можности. Затоа ќе зборуваме и за правилната употреба на маслиновото масло, неговото комбинирање со храната и начинот на кој неговите сензорни карактеристики можат да придонесат за побогато гастрономско искуство.

ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА
Времетраење: 90 минути
Број на учесници: 8–12 лица

Работилницата ќе ја води Сашо Аврамовски од Olive Garden MK, производител на extra virgin маслиново масло и сертифициран експерт за сензорска оценка на маслиново масло со завршена специјализирана едукација и стекнат сертификат во Фиренца - Италија.

Цената вклучува порција медитеранска закуска соодветна за дегустацијата и 250 мл масло од Olive Garden MK подарок .

Работилницата е наменета за сите љубители на маслиновото масло, потрошувачи, производители, професионалци од гастрономијата и сите оние кои сакаат да стекнат нови знаења и да развијат подобро разбирање за квалитетот на extra virgin маслиновото масло.
Important info:

Бројот на билети е строго ограничен на 12 билети

Плаќањето во Јавна Соба е исклучиво со картичка

Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS