44 Event претставува SKOPJE SE LADI SESSIONS Тамара Волческа Unplugged · Intimate Live На 6 декември, во Public Room, Тамара Волческа ќе ја исполни салата со својот глас во unplugged, intimate live концерт, каков што ретко се слуша. Во центарот на вечерта е нејзината нова авторска песна „Ти си играш“, која промотивно ке ја слушнете за прв пат на сцена, проследена со видео запис. Песна за онаа вечна игра на чувства, напишана за да се чувствува, а не само да се слуша. Тамара Волческа: пејачка и кантавторка од Гостивар, какo предгрупа има настапувано на концертот на Црвена Јабука и Рибља Чорба, со песни како „Место од спомени“, „Ведро е“ и „Не бројам до 3“. Вечерта ја отвора DJ Toshe, а на сцената нè чекаат и 2 специјални гости.
Резервации (висока маса + 4 влезници) 1.400 ден.
Инфо: 076 200 904 · 074 249 201 · 070 302 198
Кратка биографија на Тамара Волческа: Тамара Волческа е македонска пејачка и кантавторка од Гостивар. Кариерата ја започна во 2022 со синглот „Do You Remember“, а со „Место од спомени“, првата песна на македонски јазик, стигна до илјадници радиски емитувања. Настапила на Макфест и на Охридски Трубадури, била предгрупа на Црвена Јабука и Рибља Чорба на големи сцени, а годинава е позната и по „Не бројам до 3“, дуетот „Балкански регетон“ со Јасмин Алиевски и учеството во „Ѕвездите на Гранд“.