Event Cover

СВЕТЛОСТ + JOHN DIKEMAN | Мае-Јордановски-Томевски

Info:
29.10.2026 Thursday, 21:00
КОТУР
ул. Никола Вапцаров 7
Not available
No parking available
Organizer:
КОТУР КАФЕ И ФИЛМ
Social media
На чело на богатата и разновидна македонска џез-сцена, СВЕТЛОСТ се издвојуваат како нејзин највозбудлив и најпрепознатлив претставник надвор од границите на земјата. Нивната музика се одликува со енергична, прецизна и комплексна ритам-секција – Драган Теодосиев на тапани и Дени Омерагиќ на бас – која создава динамична подлога за емотивните мелодични фрази на саксофонот на Џон Дајкман. Резултатот е звук кој е истовремено моќен и елегантен, со елементи на мрачен, тежок („doomy“), панк, модален и психоделичен џез.
Во периодот помеѓу 2019 и 2024 година, СВЕТЛОСТ објавија пет албуми кои наидоа на одличен прием; последниот од нив, „Everything Was as It Had Been a Minute Ago“, беше издаден во копродукција на „PMGJazz“ и „Inverted Spectrum Records“ и се најде на неколку значајни листи за најдобри изданија.
Откако се пресели во Амстердам пред речиси две децении, Џон Дајкман се етаблираше како активен учесник во европската фри-џез и импровизациска сцена. Како духовен наследник во традицијата на Петер Броцман, неговиот уметнички израз навидум лесно се вклопува во одредени рамки, но ако се погледне подлабоко, сликата станува многу поширока. Како еден од најжестоките саксофонисти денес, тој беше природен избор за оваа посебна соработка. СВЕТЛОСТ и Џон Дајкман моментално работат на нов албум во трио-формат, кој неодамна беше снимен во Португалија.
СВЕТЛОСТ исто така го финализираат долгоочекуваниот заеднички албум со Кен Вандермарк и Пал Нилсен-Лав, кој за прв пат на плоча и ЦД може да се набави на овој настан.
Џон Дајкман [саксофон]
Драган Теодосиев [тапани]
Дени Омерагиќ [бас / електроника]
__
Мае-Јордановски-Томевски се тројка селектирана од Драган Теодосиев кое на едно место собира три врвни ипровизатори. Иако им е прв настап во овој состав во повеќе наврати имаат настапувано заедно во склоп на серијалот ЏЕЗ ЗА ЧУДАЦИ.
Мае [ бас / електроника ]
Кристијан Јордановски [ електроника / удиралки ]
Благијче Томевски [ кларинет / бас кларинет ]

Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS