
Што знаеме, а што не знаеме за Македонија? Од кога човекот живеел на територијата на денешна Република Македонија? Какви тајни крие древната македонска земја и што можеме да научиме од цивилизациските слоеви од минатото?
На 06 ноември 2026, во големата сала на Киноверзум и Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи првото јавно предавање на м-р Никола Ристевски на тема „Мистична Македонија - музеј под отворено небо“. Презентацијата на природните ресурси, културното наследство и економскиот потенцијал на Република Македонија, по успешните претставувања во Хрватска, за прв пат се прикажува пред пошироката јавност во Република Македонија.
Ова мултидисциплинарно предавање ги води присутните во длабоко патување низ времето и просторот, откривајќи ја Македонија како музеј под отворено небо во кој митовите и науката се испреплетуваат.
Предавањето е наменето за истражувачи, студенти, културни и туристички работници, како и за сите љубители на историјата и мистериите кои сакаат да ја согледаат Македонија низ една сосема нова, длабока и инспиративна перспектива.
60 минути предавање и мултимедијална презентација и 30 минути прашања и одговори.
Билети во претпродажба: 600 мкд до 01.11.2026, од 02.11.2026 и на врата 900 мкд.
POWERED BY:

Events
Have questions?
Contact
Terms of use
Privacy policy
TERMS OF SALE
Back to top
POWERED BY

Events
Have questions?
Contact
Terms of use
Privacy policy
TERMS OF SALE
Back to top