Event Cover

ГРЕТА

Info:
09.11.2026 Monday, 20:00
Public Room
50та Дивизија
Not available
No parking available
Organizer:
Театар Златен Елец
Social media
„Грета“
Според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете
Aдаптација и режија: Тамара Стојаноска
Играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски
Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајнер на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска
Идеја за сценографија: Тамара Стојаноска / Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ - Скопје
Фотографија: Јани Патче

Премиера 7 март, 2022 Македонски народен театар
*Награда за најдобра женска улога за Димитрина Мицкоска Трајкоска на Интернационален
фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, 2022

Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во
тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава – тоа не ќе
ги покрие загубите.“
- А. Ефрос.
Important info:

*Плаќањето во Јавна Соба е исклучиво со картичка

Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS