Event Cover

НИЗ ПРИЗМАТА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА АУТИЗАМ

Info:
18.11.2026 Wednesday, 09:00
- 20.11.2026 Friday
Хотел Холидеј Ин
ул. Филип Втори бр. 5
Available
No parking available
Organizer:
Фондација д-р Верица Механџиска
Social media
Од 18 до 20 ноември 2026 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи второто издание на Меѓународната конференција за аутизам „Низ призмата“, во организација на Фондацијата д-р Верица Механџиска. Конференцијата има долгорочна визија да прерасне во редовна и значајна регионална платформа за размена на најновите научни сознанија, клинички искуства, современи практики и информации во областа на аутизмот, поврзувајќи ги професионалците, истражувачите, семејствата и лицата со аутизам.
Во текот на трите конференциски дена, програмата ќе се одвива во четири сали – ПЕРСПЕКТИВИ, КАЛЕИДОСКОП, РЕФЛЕКСИЈА и ФОКУС, со повеќе од 50 презентации, панел-дискусии, работилници и интерактивни сесии, со учество на еминентни меѓународни и регионални експерти. Темите ќе опфатат широк спектар на актуелни прашања: од рана идентификација и дијагностика, генетика, биомаркери и примена на вештачка интелигенција, до персонализирани интервенции, комуникација, сензорни предизвици, образование, независно живеење, вработување, невроразличност и социјална инклузија.
Со својата мултидисциплинарност, бројот и квалитетот на говорниците и богатата програма, конференцијата е замислена како една од најзначајните и најголемите конференции посветени на аутизмот на Балканот, создавајќи простор за поврзување на науката со практиката и професионалното знаење со реалните искуства на лицата со аутизам и нивните семејства.

Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS