Играат: Гоце Андонов, Ангела Лефкова и ВИЕ Автор и режисер: Изабела Јакимова Продуцент: Сара Томевска Кореографија: Јована Зајкова Музички композитор: Бојан Димитровски „Те чекам“ – претстава што ќе ве насмее, но и ќе ве стегне во грлото
Дуодрама што ги спојува смеата, болката и вистината во едно незаборавно театарско доживување. „Те чекам“ е најиграната претстава за возрасна публика на независната сцена на „Театар за тебе“ – интерактивна црна комедија која директно ќе ве соочи со прашањата што често ги избегнуваме. Ќе се смеете. Ќе се препознаете. А можеби, на крајот, ќе си заминете со кнедла во грлото. Дојдете и откријте го одговорот. Ве чекаме!