Концертна промоција на „HOLYMOOD“ – новиот албум НА MAKSIMOVSKI UNITED
Public Room, 8ми октомври, 21ч
„Holymood“ е најновиот албум на Maksimovski United, бенд кој претставува авторски проект и музичка визија на басистот и автор на музика Џоле Максимовски.
Музиката на албумот претставува рефлексија на амбиентот во кој живее и твори авторот. „Holymood“ е чувство, атмосфера и простор каде музиката станува медиум за создавање нова реалност.
„Holymood е чувството кое го имаме кога сме на сцена. Тоа е местото каде се обидуваме невидливите ноти да ги материјализираме пред очите на слушателот, тоа чувство на создавање нова и подобра реалност“, вели Максимовски.
Воден од оваа идеја, Џоле Максимовски создаде колектив од свои долгогодишни соработници, пријатели и истакнати музичари, кои заеднички го обликуваа звукот на албумот. Тоа се : Александар Никодиновски, Филип Димишковски, Александар Ванчовски, Дино Милосављевиќ, Сенад Усеин, Владан Дробицки, Александар Кацарски, Давор Јордановски, Дарко Тасев, Мите Димовски, Александар Ристовски Принц
Стилски, „Holymood“ може да се опише како амбиентална фузија на џез, хип-хоп, фанк и традиционална музика. Албумот содржи 8 композиции, исполнети со современ музички израз и богата инструментална комуникација.