SALSA Y PUNTO пристигнува во Македонија во нов, изменет и значително проширен состав – спектакуларна 10-члена формација која обединува врвни кубански и регионални музичари, вокали и танчери. 🎤 Раул Сандовал – фронтмен, пејач, тумбадор и шоумен, срцето и енергијата на групата 🥁 Дејан – музичар со кубанско потекло, кахон и тумбадор 🎸 Вилсон Боррајо – кубански музичар и виртуоз на повеќе видови гитари, вклучувајќи ја традиционалната кубанска tres гитара 🎤 Јасмина Лопез – кубански вокал и позната латино пејачка 💃 Четири врвни балерини од Куба и Доминиканската Република – со атрактивно латино-кубанско танцово шоу 🎹 Влатко Плевнеш – пијано, синтисајзер и клавијатури, музичар со искуство во составот на Здравко Чолиќ 🎺 Демир Контуровски – труба, еден од истакнатите трубачи од просторот на поранешна Југославија 🔥 Ова не е само концерт – ова е вистинско LATINO-CUBAN CABARET SHOW! Неверојатни 3,5 часа програма без прекин – нон-стоп жива музика, кубански ритми, вокали, танц и сценски перформанс. Од SALSA, SON CUBANO и CHA-CHA-CHA, до BACHATA, MERENGUE и LATIN JAZZ – една вечер исполнета со ритамот, темпераментот и духот на Хавана. 🇨🇺 Групата зад себе има настапи на европски сцени, а во Македонија доаѓа со специјално подготвено, комплетно професионално сценско шоу.