Во свет во кој пластиката ја заменува природата, а дрвјата исчезнуваат едно по едно, започнува голема авантура! Преку храбрите Бојан и Марија, мудрата Баба, и мистериозниот чувар на природата Лоракс, децата ќе се впуштат во борба против алчниот Џоџо и неговите помошници, кои сакаат да ја претворат планетата во свет од пластика.
Дали добрината, пријателството и грижата за природата ќе победат? Дали ќе се пронајде последното дрво и ќе се спаси нашата планета?
Дознајте на 24ти септември, ЧЕТВРТОК во 19:00 во КИЦ Салон 1919 Авторски проект на театарот Режија и автор на текстот: Изабела Јакимова