Друга Страна Евентс во соработка со
PLISSKEN FESTIVAL од Атина го најавуваат концертот на австралиската поп/панк сензација
SPIKE FUCK 10 ноември 2026 • КОТУРВеќе десет години Spike Fuck постои повеќе како неуреден мит отколку како музичка група/изведувач.... со ретки изданија што постојано се на прагот на голем пробив, проследени со гласини за смрт, лудило и сè помеѓу.
Неговиот влез во музиката во 2015 година не беше воден од големи амбиции, туку од културна фантазија: поп-ѕвезда во обид, заробена во сопствените противречности, чија меланхолија се провлекуваше низ најнеочекуваните културни кругови. Неговото единствено издание, The Smackwave EP (Partisan Records), обработува теми што се директни колку што сугерира и самиот наслов – употреба на дроги, родов идентитет, религија и егзистенцијализам.
По објавувањето на EP-то, Spike ненадејно се најде во вителот на успехот. Од андерграунд магацински забави, стигна до модни едиторијали, висока мода и интервјуа во кои без задршка и без цензура зборуваше за сопствениот живот.
Токму кога се чинеше дека е на прагот на големиот пробив, Spike исчезна. Нелегални прикачувања на неговата музика и коментари под старите YouTube видеа поттикнуваа најразлични теории – од монашки живот во изолација, преку рецидив, до целосно нов живот како корпоративен професионалец. Само најпосветените обожаватели продолжија да го одржуваат неговиот мит жив.
Во 2024 година, по четиригодишна пауза, Spike Fuck се врати – трезен, со бистар поглед и целосно преобразен. Наместо сам на сцената со матрица, денес настапува како фронтмен на ротирачки состав од цел бенд. Заедно создаваат звук инспириран од глам рокот на 70-тите, спиритуалниот соул и суровиот рокенрол, сето тоа пренесено низ препознатливиот, ранлив и поетски глас на Spike.
https://open.spotify.com/artist/1BCTAGmHZ4djDWQ0KtfKdZhttps://spikefuck.bandcamp.com/https://www.youtube.com/watch?v=eXd3q-HU3Lc