Премиера на новата театарска претстава на Театар Пи, инспирирана од романот „Физика на тагата“ од Георги Господинов. „Физика на радоста“ е современа театарска приказна за осаменоста, припадноста, емпатијата и потрагата по смисла во свет исполнет со лични и колективни лавиринти. Преку театарски слики, музика во живо со бендот Алембик, актерска игра со документарна искреност, претставата ги истражува границите помеѓу реалноста и фантазијата, тагата и радоста, стравот и надежта. Театарската претстава финален продукт како резултат на 2 годишни активни ументички работилници за вклучување на лицата со интелектуална попреченост во културата. Режија и концепт: Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска Автор: Златко Митрески По романот „Физика на тагата“ од Георги Господинов Асистент на режија: Гергана Тодева Музика: Алембик & Дино Рамо Костими и шминка: Сандра Миовска Во соработка со актери од ЦПЛИП Порака Скопје и Театар Пи: Темјана Јорданоска, Николина Димитровска,Сандра Миовска, Мила Василева, Матеа Ѓеровска, Мила Грујоска ,Јана Неделковска, Мартин Милески, Јасен Угриновски, Марија Тасевска