Logo
tst44nNYo+XwQU2cIsjfC/xh
Event Cover

Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра

CE+M2e:
16.05.2026 Saturday, 12:00
Public Room
50та Дивизија
OJx3wK
rn5s3L
G5RhpL:
Ана Василевска
На 16 мај (сабота), од 12:00 до 15:00 часот, Public Room станува место каде филмот излегува од екранот и се претвора во игра, разговор и креативна авантура!
„Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“ е внимателно осмислена викенд-програма за деца од 5 до 12 години, во која секоја сцена продолжува низ детската имагинација. Преку проекција на избран детски филм, ликовна работилница, групни активности и драмска игра, децата не само што гледаат, туку доживуваат, создаваат и учат како да ги препознаат и разберат светот околу себе и сопствените емоции.
Работилниците се раководени од Ана Василевска, авторка и програмска координаторка на проектот, која низ интерактивен и топол пристап ги води децата низ процесот на гледање, размислување и креативно изразување.
Во текот на тричасовната програма, децата ќе добијат:
– заедничко филмско доживување со внимателно одбран детски филм
– креативна работилница (цртање и визуелно изразување инспирирано од филмот)
– воден разговор за препознавање емоции, другарство и вредности
– групни активности што поттикнуваат соработка и самодоверба
– драмска игра и импровизација
– краток вовед во светот на филмот (како се создава приказна, улогата на ликовите, музиката и емоциите)
Ова е простор каде децата гледаат, размислуваат, чувствуваат, зборуваат и создаваат.Простор каде се негуваат љубопитноста, другарството и чувството за заедништво, вредности што остануваат долго по завршувањето на настанот.
baJwyv:

** Плаќањето на сите производи (храна, пијалоци, билети…) во Public Room e исклучиво со платежни картички.

Цена: 300 денари по дете

u5U09/

ZSw7mI

QDeHe8