Logo
Ehaq5+IM0uatEjpSoG38BYwM
Event Cover

Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола

Инфо :
09.05.2026 Сабота, 19:30
Битола: Пацио на Музеј Битола, Кино Манаки и Кафе Тигре
ул. Св. Климент Охридски бб
Недостапен
Нема достапно паркирање
Организатор :
Sixtynine Records
Социјални мрежи
ЖЕНСКИ ЗЕМЈОТРЕС БИТОЛА - фестивал на свежа домашна музика
На 9 мај, по трет пат – ЗЕМЈОТРЕС, ама ЖЕНСКИ, во Битола!
Најголемиот фестивал на свежа домашна музика ЗЕМЈОТРЕС се враќа во БИТОЛА со специјално, децентрализирано, ЖЕНСКО издание. Со 13 скопски и 3 битолски изданија зад себе, ЗЕМЈОТРЕС е уникатна платформа што ја става независната музичка продукција во фокус и ја прави видлива и препознаена кај публиката и во јавниот дискурс. ЗЕМЈОТРЕС постои затоа што сцената постои. Различни генерации музичари, поврзани со иста љубов кон создавањето, го одржуваат тој континуитет жив.
Жените се присутни во музиката – колку сцената е присутна за нив?
Македонската музичка сцена изобилува со жени музичарки чии талент и сензибилитет инспирираат различни генерации. Сепак, социјалните и општествените релации, како и предизвиците во независната музичка сцена, често ја ставаат жената музичар во поранлива позиција, што резултира со дисконтинуитет и исчезнување на квалитетни авторки од сцената. Но, новото време носи нови „гласови“ – силни, резилијентни и автентични музичарки кои го освојуваат домашниот и меѓународниот простор.
Токму ова специјално издание на Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола има за цел да го претстави ставот и гласот на женската сцена, отворајќи го прашањето за родовата еднаквост во музиката како освестено поле што бара конкретни акции за развој и поддршка. Составен од музичка и дискурзивна програма, фестивалот ги носи најзначајните претставнички на независната сцена и создава простор за дискусија за условите во кои се развива жената како музичар во различни професионални улоги.
Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола се развива во соработка со локални партнери We Pretend It's a City и МИДС Битола и ја носи оваа енергија поблиску до публиката надвор од Скопје - затоа што музичката култура припаѓа и треба да биде достапна за сите.
Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола - фестивал на свежа домашна музика е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
ПРОГРАМА НАСКОРО.
Важно инфо:

12:00-15:00 DJ @ Кафе бар Тигре (бесплатен)

18:00-19:30 Дискусија @ Кино Манаки (бесплатно)

20:00-01:00 Концерти @ Пацио на Музеј

Билети

Билет
MKD 300.00