7ми - Чедомир Митевски и Бојан Велевски 14ти - Жарко Јовановиќ и Никола Силјаноски -Братучед 21ви - Срѓан Олман и Марјан Ѓеорѓиевски 28ми - Никола Тодороски и Небојша Грујиќ
Трета година по ред, фестивалот на стенд ап комедија „Четвртак у 9“ докажува дека хуморот е единствената сила што не може да се покори. Годинава одиме на сè или ништо - третото издание е нашата верзија на „Трета светска војна“, каде на иста сцена се мобилизираат најдобрите комичари од Македонија и регионот. Подгответе се за фронтален напад со шеги од кои нема бегање, бидејќи едно е сигурно -ќе ви легне! Сега е твојата шанса за најповолна карта! Обезбеди го твоето место по најниска цена пред да започне главната опсада и приклучи се на најголемиот хумористичен фронт на годината.