Специјални гости: Funk Shui • Disco Ninja • Audio Cigla • Ади Имери • Пере Нокаут
Миа Перевска таа вечер ќе создаде простор каде звукот и сликата се движат заедно – меѓу електронски текстури и тивки, лични наративи што постепено ќе се отвораат пред публиката. Овој настан е концерт и промоција на новиот албум, со неиздадени песни кои за прв пат присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо, во изведба на Миа и нејзиниот 6 - член бенд – момент што постои само таа вечер, помеѓу сцената и публиката.
- Изложба „SCUM“ – селекција од илустрации/видеа креирани од SCUM, како визуелна трага што ја следи музиката на Миа Перевска низ годините.
- Walk-in tattoo: Hirundo Tattoo Studio – дизајни инспирирани од песни, видеа и визуелни елементи поврзани со музиката на Миа, со тетовирање во живо. - First come, first served.
- Достапен на настанот и ексклузивен merch во лимитирано издание.