Logo
EventsPast eventsHave questions?Contact
Event Cover

СВЕТИТЕ БИЛКИ И СТАРИТЕ РИТУАЛИ НА БАЛКАНОТ И МЕДИТЕРАНОТ

Info:
12.03.2026 Thursday, 19:00
КИЦ - Салон 19.19
ул. Филип Втори бб
Not available
No parking available
Organizer:
Неформален културно уметнички колектив „Аристон“
Ве покануваме на возбудливо предавање посветено на скриената историја на Медитеранот и Балканот, раскажана низ призмата на растенијата кои се користеле во ритуали уште од памтивек. Ќе откриете како релативно малиот простор на Хрватска и целиот Балкан станал плодна почва за растенија кои оставиле длабока трага врз митологијата, религијата, медицината и современата наука. Предавањето ќе ви овозможи увид во древните традиции за користените природни стимуланси во минатото, па сè до најновите научни истражувања за нивниот терапевтски потенцијал. Ова е ретка можност да нурнете во едно поинакво читање на историјата - патување низ времето што покажува како потрагата по изменети состојби на свеста ја обликувала културата на регионот и зошто токму овде, на крстопатот меѓу Истокот и Западот, се создал еден од најбогатите историски мозаици во светот.

Ратко Мартиновиќ од Хрватска е подкастер, автор на осум книги и ТВ водител кој, покрај наведените активности, истражува и гранични подрачја на науката. Во Podcast Inkubator и Rendezvous угостил бројни интересни и забавни личности од сите општествени сфери. За прв пат во Македонија ќе ги претстави неговите последни две книги на две предавања кои ќе можат да се следат и во живо преку платформата Zoom. Неговите последни книги ќе бидат претставени како дел од претстојните предавања во Македонија.
Important info:

ЦЕНА НА БИЛЕТИ 
Во претпродажба - заклучно недела 8 март = 500мкд, понеделник - среда = 700мкд, четврток и петок = 900мкд

Ве замолуваме да одберете дали го купувате билетот за физичко или онлајн присуство. Сите коишто сте заинтересирани за преносот во живо, ќе добиете линк за следење на предавањата на мејл адресата која сте ја навеле при нарачката. Ви благодариме!


Select seats

Click to open the seating map and select your seats.

CHOOSE SEATS