Кога би ве прашале која е најтешка, а воедно и најлесна работа на светот, еден од можните одговори сигурно би бил – да се напише најава за концерт на Рамбо Амадеус.
Има ли зборови, и дали воопшто се потребни? Ги имаш на располагање сите можни епитети, и дали тие воопшто и ти требаат? Треба ли да се пишува, има ли потреба да се опишува… или едноставно да се оди со наједноставната можна најава?
Рамбо Амадеус е една од најистакнатите култни личности на музичката сцена на поранешна Југославија – текстописец, гитарист, композитор, изведувач и забавувач, шампион во едрење и доследен еколошки активист. Уметник кој со децении преку хумор, иронија и интелигентна сатира ги поместува границите на музиката и јавниот говор.
По речиси десет години, солистички концерт на Рамбо Амадеус во Скопје.