TERMS OF SALE
Tix.mk
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СИСТЕМОТ
Tix.mk е систем за онлајн продажба, дистрибуција и евиденција на билети, во сопственост и под управување на:
БИЛЕТАРНИЦА ДООЕЛ Скопје,
Република Северна Македонија
(во понатамошниот текст: „Платформата" или „Tix.mk")
Преку онлајн системот TIX.MK се врши продажба на билети и други производи за настани кои се во организација на други правни или физички лица (во понатамошниот текст: „Организатор")
2. УЛОГА НА TIX.MK
Tix.mk не е организатор на настаните, освен ако тоа не е експлицитно наведено.
Платформата дејствува исклучиво како:
- технички посредник за онлајн продажба,
- систем за обработка на нарачки и плаќања,
- систем за издавање електронски билети и контрола на влез.
Целосната одговорност за реализацијата на настанот, програмата, времетраењето, условите во објектот и безбедноста ја сноси Организаторот.
Билетот кој го добивате преку Tix.mk е доказ за купување и е во сопственост на Организаторот на настанот.
3. ЕЛЕКТРОНСКИ БИЛЕТ
По успешно извршено купување преку системот Tix.mk, купувачот на електронската адреса (e-mail) внесена при купувањето добива електронски билет/и, кој претставува единствен и валиден доказ за целосно и правилно извршена трансакција.
Електронскиот билет содржи:
• податоци за настанот,
• листа на купени билети/производи,
• уникатен сериски број,
• уникатен QR / баркод за секој поединечен билет.
Еден билет важи за едно лице.
3.1 Податоци за присутни (учесници на настанот)
При купување на повеќе билети во една нарачка, платформата Tix.mk може да овозможи внесување податоци за присутните лица (име, презиме и е-mail адреса) за секој поединечен билет.
Купувачот има следниве опции:
• Автоматско пополнување – купувачот може да избере сите полиња за присутни да бидат автоматски пополнети со неговото име, презиме и e-mail адреса. Во тој случај, сите купени билети ќе бидат доставени на e-mail адресата на купувачот.
• Поединечно пополнување – купувачот може за секој билет да внесе различни податоци за присутните лица. Во тој случај, системот автоматски ќе го достави секој билет на e-mail адресата на лицето наведено како присутно.
Купувачот е одговорен за:
• точноста на внесените податоци,
• исправноста на e-mail адресите,
• согласноста на лицата чии податоци ги внесува.
Tix.mk не сноси одговорност за недостапност на билетите поради погрешно внесени податоци од страна на купувачот.
4. КОНТРОЛА И ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ВЛЕЗ
При влез на настанот, купувачот е должен да го приложи електронскиот билет:
- преку мобилен уред (QR / баркод), или
- во печатена форма, јасно и читливо.
Контролата и евидентирањето на билетите се врши преку официјален систем за влезна контрола.
4.1 ПРЕНОС И ЗЛОУПОТРЕБА НА БИЛЕТ
Доколку купувачот:
- го препрати билетот на друго лице, или
- го испечати и го отстапи,
за валиден ќе се смета исклучиво билетот кој прв ќе биде евидентиран на влезот.
По првата успешна регистрација:
- секоја следна копија со ист сериски број ќе се смета за неважечка,
- ќе биде третирана како злоупотреба,
- и нема да биде дозволен влез.
Секоја злоупотреба на билет е казнива согласно важечките закони.
5. ДОЦНЕЊЕ И НУМЕРИРАНИ СЕДИШТА
Доколку купувачот:
- задоцни по официјално објавениот почеток на настанот, и
- настанот веќе е започнат,
Организаторот го задржува правото да не дозволи влез.
Дури и во случај кога ќе биде дозволен влез по доцнење:
- не се гарантира дека нумерираното седиште (блок, ред, место) е сè уште слободно,
- седиштето може да биде веќе пополнето од друг посетител поради текот на настанот.
7. ПОВРАТ НА СРЕДСТВА (РЕФУНДАЦИЈА)
TIX.MK не врши поврат на средства за веќе купени билети и/или производи, освен во случаи во согласност и по упатство на Организаторот.
7.1 Нереализирани билети
Не се врши поврат на средства за:
- неискористени билети,
- билети кои не биле евидентирани на влез,
- билети за кои купувачот задоцнил по официјалниот почеток на настанот.
7.2 Откажан или одложен настан
Доколку настанот:
- е целосно откажан, или
- е одложен во друг термин,
купувачот има право да побара поврат на средства за билетите купени преку Tix.mk.
Повратот се врши:
- исклучиво преку електронско банкарство,
- директно на сметката на купувачот,
- со претходно приложување доказ за купување (електронски билет или број на нарачка).
7.3 Промена на термин
Доколку настанот е преместен во друг термин и:
- организаторот навремено ја известил јавноста преку официјални канали,
купувачот може:
- да го прифати заменскиот билет, или
- да побара поврат на средствата.
Ваквите враќања најчесто се обработуваат од Организаторот, но Tix.mk може да посредува согласно нивните упатства.
8. ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето се врши преку овластени платежни институции.
Tix.mk не чува и не обработува податоци за платежни картички. Тие податоци се обработуваат исклучиво од банката/платежниот процесор.
9. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци се обработуваат согласно важечките закони и Политиката на приватност на Tix.mk.
Одредени податоци (име, презиме, е-mail, код на билет) може да бидат споделени со организаторот исклучиво за цели поврзани со настанот, како:
- контрола на влез,
- безбедност,
- организациски известувања.
10. КОНТАКТ
За сите прашања, проблеми или техничка поддршка поврзана со онлајн-продажбата преку Tix.mk, ве молиме контактирајте нè на:
contact@tix.mk
Нашиот тим ќе се обиде да ви одговори во разумен рок.
11. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Сите податоци на Корисникот се обработуваат според одделен документ/Политика за приватност објавена на платформата Tix.mk.
12. ПРИМЕНЛИВО ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ
Овие Услови се толкуваат согласно правото на Република Северна Македонија.
POWERED BY:

Events
Have questions?
Contact
Terms of use
Privacy policy
TERMS OF SALE
Back to top
POWERED BY

Events
Have questions?
Contact
Terms of use
Privacy policy
TERMS OF SALE
Back to top