Logo
Ehaq5+IM0uatEjpSoG38BYwM
Event Cover

ХИНКЕМАН

Инфо :
28.02.2026 Сабота, 19:00
Младински Културен Центар - Сала Фросина
Кеј Димитар Влахов 15
Достапен
Платено и бесплатно паркирање
Организатор :
Театар Златен Елец
Социјални мрежи
Автор: Eрнст Толер
Режија: Тамара Стојаноска
„Хинкеман“ е работена според анти-воената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет - војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа.
„Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние кои се различни на било кој начин, секогаш, во било кој историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата. Хинкеман, нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние кои се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Низ неговото патување, се потсетуваме дека секој поединец, без разлика колку е скршен или различен, заслужува достоинство и сочувство. Oва е повик да се изгради општество кое им помага на луѓето наместо да ги турка на маргините - општество каде емпатијата е извор на сила, трансформирајќи ги не само поединците, туку и светот околу нас.
„Кој нема сила да сонува, Нема сила да живее“
Играат: Бобан Алексоски, Надица Петрова/ Талија Настова, Филип Христовски/ Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Бранко Михајлоски и Леонида Гулевска.
Музика: Лука Тошев
Автор на рекламен материјал: Бојана Цилевска

Билети

Билет
MKD 500.00